Австралиски војник пука во цивил кој мирно седи на земја: На министерката ѝ се слошило кога го видела ова злосторство

1130

Министерката за одбрана на Австралија, Линда Рејнолдс изјави дека ѝ се слошило кога ја видела снимката на која припадник на австралиските специјални сили пука во невооружен човек кој седи на земја во Авганистан.

Рејнолдс додава дека е „тотално и апсолутно згадена и шокирана“ после исходот на истрагата која потврди дека австралиските специјалци убиле 39 невооружени цивили и затвореници за време на војната во Авганистан која беше предводена од САД.

Сега, илјадници одликувани војници би можеле да останат без своите ордени, после документот напишан на 465 страници.

Според документите, во 23 инциденти се убиени 39 Авганистанци, во најголем дел затвореници, директно од страна на австралиските војници или по нивна наредба. Ниту едно од овие убиства не било во жарот на борбата и сите се случиле во такви околности кои претставуваат воено злосторство.

Некои од одговорните за убиствата на цивилите во Авганистан и натаму служеле во австралиската армија.