Еден од најпознатите австралиски глумци, Крис Хемсворт позираше за магазинот Men’s Health и во интервјуто откри неколку досега непознати детали од приватниот живот, пренесува Дејли Меил.
Крис помеѓу сè откри дека имал намера да се откаже од глумата уште во 2009 година, бидејќи имал големи проблеми со анксиозноста и нервозата. Сепак, одлучил да продолжи да се труди од една причина-сакал да заработи доволно пари за да ја исплати куќата во која живеат неговите родители.
“Сакав да се откажам, малку недостигаше да го направам тоа. Меѓутоа, потоа се сетив зошто започнав и што би направил кога би заработил толку пари. Во еден од разговорите кои ги имав со својот татко го прашав кога планира да ја исплати куќата. Кратко рече: “Искрено? Мислам дека никогаш”. Тогаш се одлучив тоа да го променам”, рекол глумецот додавајќи дека тогаш почнал да се пријавува на бројни аудиции.
Посетил толку многу аудиции така што неговата анксиозност пораснала до таа мерка што знаел дека може да ја искористи како пат кон успехот или како причина да се откаже. Одлучил дека ќе продолжи кон својата намера.
“Се уверував дека не сум нервозен пред аудициите. Во поголемиот дел од случаевите е функционално. Меѓутоа, еднаш за Божиќ имав момент кога одлучив да одам на последната аудиција. Одлучив да го направам тоа поради куќата на моите родители. Тогаш ја добив првата улога, а потоа го добив и Тор”, рекол Крис.
На насловната страна на магазинот Men’s Health позираше без маица, а тој вели дека вежба поради одржување на формата, а потоа поради тоа што сака да изгледа добро.