Австралискиот MVP се сели во Белград (ВИДЕО)

768

Црвена Ѕвезда доведе уште едно странско засилување.

Станува збор за американскиот бек Џејлен Адамс. Адамс е 26-годишен плејмејкер родум од Балтимор (Мериленд). Има кратко NBA искуство, односно 41 одигран натпревар во дресот на Атланта Хоукс и Милвоки Бакс. Ланското првенство настапуваше во Австралија бранејќи ги боите на Сиднеј Кингс и имаше одличен просек од 20 поени и близу 6 асистенции по натпревар. Ја освои титулата и беше MVP на првенството.

Ова претставува седмо засилување за “црвено/белите” по доведувањето на Немања Недович, Хасан Мартин, Џон Холанд, Филип Петрушев, Далибор Илич и Бен Бентил.

Димитар Младеновски