Неодамна се емитуваше епизодата од ТВ серијата “Grey’s Anatomy” која ја прикажува приказната на една жртва на силување, односно низ што сѐ мора да пројде таквата трауматизирана личност по доаѓањето во болница.
Епизодата е инспирирана од сведочењето на Кристин Блејзи Форд против Брат Каванох, судија на Врховниот суд кој сексуално ја злоставувал во 1982 година.
Телевизиската компанија “ABC” првобитно дала белешки кои ги имала за ова сведочење и според тоа било напишано сценариото, но во меѓувреме од медиумската куќа пристигнал допис белешките да се користат само доколку се испочитуваат нивните напомени. Тие го вклучувале следното – избегнувајте премногу крв, не користете експлицитен говор. Но, постои една напомена која била премногу спорна, а таа вели – не ги прикажувајте тестовите на силување детално и избегнете прикажување на телесни течности.
Кога Шонда Рајмс, извршниот продуцент на серијата, ги прочитала овие напомени, таа бурно изреагирала.
“Со сета почит, но не можам да ги прифаќам овие барања. Постојат многу серии кои прикажуваат крваво насилство, а она што ние го правиме е медицинско истражувачки проект на ситуација која настанала по насилство кое по ништо нe може да биде спорен”, напишала Шонда во својот одговор за “ABC”.
На големо изненадување на јавноста, телевизискиот магнат ја признал својата грешка.
“Вие сте во право. Продолжете да работите по своето сценарио”, стоело во соопштението од “ABC”.
Во текот на оваа епизода, гледачите можеле да ги гледаат “флешбековите” на хероината Џо, која се состанува со својата мајка и дознава дека биолошката мајка ја оставила по раѓањето во противпожарна станица бидејќи била резултат на силување.
Сегашноста во серијата ја претставува пациентка по име Еби за која Џо смета дека е жртва на силување во семејството. Таа се труди да ѝ се приближи на пациентката и ја убедува да направи серија тестирања која ќе биде колекција од собрани докази против сторителот на овој грозен чин. Дури во еден дел од епизодата, Џо организира во болничките ходници да се наоѓаат само жени бидејќи Еби изјавила дека присуството на мажи ја потсетува на траумата која ја доживеала. Жените од реалниот живот се согласиле да се облечат како медицински сестри и докторки, со цел да се вклучат во акцијата за поддршка против жените кои се жртви на сексуално насилство.
Во доброволниот проект учествувале повеќе од 100 жени, од кои дел работат токму за “ABC”.
Погледнете дел од епизодата: