Бизнисменот Зоран Азманов во интервју за порталот infomax.mk откри дека Бојан Јовановски му се заканил со СЈО.
Азманов вели дека пред објавувањето на емисијата „Инсајдер“ на 1тв остварил телефонски контакт со Бојан Јовановски во кој барал Јовановски да му објасни зошто бил наречен мафијаш, по што следеле заканите од Јовановски.
-Не се секирај јас имам докази, зад мене е СЈО и финансова полиција, биле зборовите на Јовановски, вели Азманов.
-Катица Јанева и СЈО го избравме да брка криминал, а не да поддржува криминал, вели Азманов.
Азманов запраша зошто се забрани претресот во станот на Јанева? Бидејќи како што вели тој ќе се биле најдени доказите за целиот случај.
Катица Јанева му давала на Боки 13 приватни мои снимки, вели бизнисменот Зоран Азманов во интервјуто на порталот infomax.mk.
-Јас сум иритиран тоа што Катица Јанева му давала приватни мои снимки, бидејќи бизнис снимки нема за мене, бидејќи никогаш не сум работел со државата, ниту пак сум имал телефонски разговори со функционери, вели Азманов.