Барселона најде замена за Меси: Наследникот пристигнува следното лето за 250 милиони евра!

895

Лионел Меси има 31 година и нема сомнежи дека во Барселона ќе игра додека тој сака. Но, вистинското прашае е колку долго ќе може да игра на највисоко ниво.

Токму поради тоа, Барселона тргна во потрага по наследник на Аргентинецот.

Според шпанските медиуми, наследник на Лионел Меси би можел да биде Мохамед Салах. 26-годишниот Египќанец од Ливерпул минатата сезона играше феноменално, а Барселона посакува да го види во своите редови следната година.

Медиумите пренесуваат дека Барселона за Салах подготвила 250 милиони евра, а имаат желба да го доведат следното лето. Барселона исто така би си ја пробала среќата со Мбапе, но прашање е дали ПСЖ ќе сака да го пушти.

Сепак, во каталонскиот гигант веруваат дека Салах е вистинската опција за нив. Имено, Египќанецот е сличен тип на играч како Меси и лесно би се вклопил во нивната филозофија. Од Барселона исто така веруваат дека со доведувањето на Салах ќе го преземат и африканскиот пазар кога станува збор за продажбата на дресови и маркетингот, со оглед на тоа дека Салах е најдобриот играч на тој континент.