Базен кој го одзема здивот: Чувството додека пливате е како да лебдите меѓу облаците

642

Личноста која го креирала овој базен е заслужна и за изградбата на Сиднејската опера.

За некои ќе биде статусен симбол, а за други вистински кошмар. Лебдењето во проѕирна кутија “обесена” на 35 метри над улицата во Лондон е необична атракција во резиденцијалната населба Најн Елмс.

“Sky Pool” е проѕирен базен со должина од 25 метри сместен на 35 метри меѓу два станбени облакодери во населбата Најн Елмс. Пристап до базенот имаат само среќните жители на луксузната зграда.

Сместени покрај американската амбасада, во близина на јужниот брег на Тема, капачите од базенот ќе можат да ја гледаат лондонската панорама, вклучувајќи ги Вестминстер и Лондонско око.

Базенот инаку е произведен во Колорадо и минал 8.000 километри до својот нов дом. Длабок е три метри, а тежок околу 375 тони. Структурата е дело на архитектите од “Аруп Асошијетс”, инженерите од “Екерсли О’Калаган” и компанијата за дизајн на базени “Рејнолдс”.

Ова не е прв пат “Аруп” да дизајнира вака сложен архитектонски комплекс. Еден од неговите најзначајни проекти е операта во Сиднеј.

Базенот минал низ опширни испитувања на стабилноста во погоните на “Рејнолдс” пред да тргне кон Велика Британија по копнен и морски пат. Го кренал подвижен кран од 740 тони, со подршка на кран од 50 тони.

“Кога ќе запливате, можете да гледате надолу. Имате чувство како да летате”, рекол Брајан Екерсли, директор на компанијата “Екерсли О’Калаган”.