Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, и неговата сопруга Јелена, од неодамна се сопственици на луксузна вила во Марбеља, која се проценува на вредност од 10 милиони евра.
Луксузната недвижнина е повеќе од удобна, поседува приватен базен, спа центар, кино сала, тениски терен, има 9 спални соби, сала за билјарт, и теретана.
Посебно треба да се истакне неверојано големиот двор и совршен поглед кон морето и планините. Затоа, воопшто не е изненадувачки што семејството одлучило да се смести на вакво место.
This is the stunning €10 million house that Novak Djokovic has bought in Marbella (Via Ok Diario) pic.twitter.com/ZmJifVaUXP
— Luigi Gatto (@gigicat7_) April 13, 2021
Се разбира, купувањето на оваа луксузна недвижнина не ја промашиле странските медиуми, кои различно го коментираат изборот на новиот дом на првиот рекет во светот.
Еден од најлошите коментари, кој доаѓа од шпанските портали, бил тој дека новата куќа на српскиот тениски ас неодоливо потсетува на куќа на нарко босот – Пабло Ескобар, а и дека самиот Ноле и Пабло имаат многу сличности и дека ‘сакаат исти работи’.