Бебе со повреди донесено на Клиника, дадилката прва ги пријавила

955

Шестнаесет месечно женско бебе од Скопје со повреди вчера било донесено на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Мајката (21) пред полицијата кажала дека пред три дена, нејзиниот партнер С.И.(34) од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката Л.Д.(55) од Скопје.

Според изјавата на мајката, истиот ден дадилката ѝ пријавила дека кога го земала бебето од партнерот ги забележала повредите.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.