Бебињата родени на следните датуми имаат најголеми шанси за успех – па дури и за Оскар!

450

Истражувачите на MyHeritage истражувале кога се родени 1000 престижни добитници на награди се со цел да ги откријат датумите на раѓање кои досега донеле неверојатни успеси.

Наградите кои биле опфатени во ова истражување се Греми, Оскар, Светските првенства, Мишелин ѕвездите, Златен Глобус, Пулицеровата награда, Нобеловата награда, Златна Палма и Олимписките игри.

Од 365 дена во годината, се покажало дека 30ти април како ден е датумот што носи најмногу победници. Меѓу 1000те победници или номинирани лица во потесен круг, 11 биле родени на овој датум, вклучувајќи ја и оскаровката Клорис Личман.

Други познати ѕвезди кои се родени на овој ден се Травис Скот, актерката Гал Гадот и Кирстен Данст. Друг датум кој е поврзан со освојување на престижна награда е 27ти април. Од вкупно 1000 победници, осум од нив се родени на овој ден. Меѓу нив се и Греми Лизо и Сели Хокинс.

Имено, април се покажал како најуспешен месец со 99 добитници родени во овој месец. На второто место е месец ноември – со 94 победници. На третото место е месец март, со 92 победници. Според ова истражување февруари е најмалку успешниот месец. Имено, во најкраткиот месец во годината биле родени само 58 победници.

Месеци и број на победници:

  1. Април – 99 победници
  2. Ноември – 94 победници
  3. Март – 92 победници
  4. Септември – 90 победници
  5. Јануари – 90 победници
  6. Октомври – 90 победници
  7. Мај – 85 победници
  8. Јули – 80 победници
  9. Јуни – 75 победници
  10. Август – 75 победнци
  11. Декември – 71 победник
  12. Февруари – 58 победници