Бегалец од Сирија не знаел да плива, а сега се подготвува за Олимписките игри во Токио: “Кога го гледав Мајкл Фелпс, знаев дека тоа е за мене”

805

Пред две години, Еид Аљазаирли започна драматично патување кое му го промени животот. Во неговиот роден град Дамаск ситуацијата станала неиздржлива. Крв се пролевало низ сириските улици, а смртта била секојдневие.

Еид одлучи дека е време да си замине од таму. На мал несигурен брод пренатрупан со мигранти, тогаш 22 годишниот Сириец долго патувал до Европа. Во текот на целото патување претрпел голем страв, имено не знаел да плива, а огромните бранови го ужаснувале.

Сепак, на крајот успеал да пристигне до Европа и се сместил во Шкотска, а потоа во едно предградие во Лондон. Кога добил 5 годишна дозвола за престој, сфатил дека треба да започне ново поглавје во својот живот. Пребарувајќи на Интернет сосема случајно наишол на документарецот за светскиот пливач Мајкл Фелпс од кој Еид се воодушевил.

“Гледав како плива, како лета. Ме фасцинираше”, раскажуваше Еид. Тој одлучи дека тоа е нешто со кое сака да се занимава до крајот на својот живот. Тој никогаш немал влезено во базен, не знаел да плива и премногу се плашел од водата. Но, успеал да ги надмине своите стравови и започнал интензивно да тренира.

Денес, две години подоцна, Еид е врвен пливач кој се подготвува за олимписките игри во Токио во 2020 година. Неговите тренери велат дека младото момче постигна извонреден успех за кратко време и дека се премногу горди на него.

“Никогаш не видов возрасен спортист да напредува толку брзо. Кога сфатив колку е талентиран, знаев дека мора да му помогнам”, вели Ден Булок, еден од неговите тренери.

Еид напорно работи и тренира, но најголемиот проблем е тоа што нема доволно пари за спортска опрема, тренинг и адекватна прехрана. Тој имено живее со околу 300 денари дневно, а парите наместо за храна ги троши за да ги плати часовите по пливање. Поради тоа неговите пријатели мигранти му се придружиле и му направиле профил на страната #GoFundMe за да ги собере потребните средства.