Бејл почна ептен да се глупира: Сега во Тотенхем не му чинело, сакал назад во Реал?!

524

Велшката ѕвезда Герет Бејл, кој цела една година се глупираше во Реал Мадрид, па од херој на „кралевите“ се претвори во најголем негативец меѓу навивачите се врати во својот Тотнем, ама и во Северен Лондон е – незадоволен.

Англиските медуми веќе објавија дека шест месеци откако се врати во Лондон, Белј сака да си оди од овој клуб и за чудо, желба имал повторно да се врати во „кралскиот клуб“.

Велшанецот е незадоволен од минутажата, иако во Лига Европа ги одигра сите мечеви, но не добива преголема шанса кај Жозе Мурињо во Премиерлигата, па има само три настапи од кои двапати влезе во игра како замена.

Тој во Тотнем дојде на едногодишен заем кој му истекува на лето, а според информациите на англиските медиуми, сега посакал повторно да се врати кај „кралевите“ за да проба уште еднаш да се наметне, иако со својот однос во минатата година, си го навлече гневот и од навивачите и од тренерот Зинедин Зидан. Тотнем за него севкупно за едногодишниот заем ќе исплати 20 милиони фунти, пари во кои е вклучена и платата, бонусите, како и парите што за заемот се платени кон „кралевите“.