Глумецот Кристијан Бејл после премиерата на филмот “Vice” се потсети на моментот кога се запознал со претседателот Доналд Трамп.
Тоа се случило во дамнешната 2011 година кога Кристијан Бејл го снимаше филмот “Batman: Dark Knight Rises”. Дел од филмот е сниман и во облакодерот на Трамп во Њујорк, а после снимањето Трамп го повикал Бејл во својата канцеларија.
“Мислам дека Трамп тогаш мислеше дека сум Брус Вејн, бидејќи така бев облечен. Разговараше со мене како навистина да сум Брус Вејн, а јас одлучив да ја играм таа улога иако не сум пред камерите”, рекол Бејл за магазинот Variety.
Нагласил дека тогаш немал поим дека Доналд Трамп еден ден би можел да биде претседател на САД.