Бејтулаи: Респект за Косово, ама ние знаеме што сакаме – победа!

612

Македонскиот централен дефанзивец Егзон Бејтулаи е еден од низата фудбалери во црвено-жолтиот дрес кој има настап на Европското првенство со младинската селекција на Макеоднија пред три години, па сега како сениорски репрезентативец има шанса за најголем успех со нашата репрезентација, а прва пречка на тој пат е Косово задутре вечер на Националната Арена „Тодор Проески“.

Бејтулаи стандардно е на списокот на селекторот Игор Ангеловски, конкурира за настап и во пресрет на историскиот меч, посочува дека од него и сите колеги се очекува да го дадат максимумот, зашто секој во селекцијата знае што сака и што бара.

„Очекувам да се пласираме на Европско првенство. Ние треба да дадеме сè, максимимот за да го победиме Косово. Ние имаме голем респект кон Косово, ама позната е нашата цел – знаеме што бараме и знаеме што сакаме. Имаме многу добар тим, многу години играме заедно и треба само сите да го дадеме максимумот. Ако тоа го сториме, ќе го победиме Косово. Ние сме професионалци, секој меч има своја тежина, но ништо од тоа нема да не спречи ако одиграме како што сакаме“, вели Бејтулаи.