Бектеши: Угостителските објекти со тераса ќе работат до 20 часот

932
Другите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, но ќе треба да ги исполнат препораките за дистанца и заштитна опрема. Другите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Ние имавме подготвен протокол од комисијата за заразни болести кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и акко се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор – рече Бектеши.

Работното време на угостителите ќе биде до 20 часот.