Бела Хадид: Со провокативна фотографија ги воодушевила фановите

682

Манекенката Бела Хадид објавила фотографија со која повторно предизвикала воодушевување кај своите фанови.

За тоа е заслужно проѕирното боди направено од илјада кристали, под кое убавата Бела носела само долна облека.

Бодито всушност е комбинација од боди, маица и мини-фустан, и е дел од најновата колекција на модната куќа “Burberry”.

View this post on Instagram

24/7 Tisci @burberry @riccardotisci17 🥶

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) on

Ова провокативно парче облека ретко на кого добро му стои, што не е случај и со Бела.

Тоа го потврдуваат и коментарите на нејзините фанови кои и давале комплименти, но и ја лајкувале фотографијата која за кратко време добила преку милион лајкови.

“Бомба”, “Премногу облека”, “Бог е жена” се некои од коментарите на оваа фотографија на манекенката.