Белград и Србија шокирани: Лондон ќе ја формира новата влада во Црна Гора во која ќе нема Срби. Кој е главниот британски човек!?

776

Среќко Црногорац, специјален советник на Здравко Кривокапиќ, личност со многу чудна биографија, која се претставува како „британски човек од доверба“, е главниот виновник за пресвртот во политиката на мандатарот за состав на новата влада во Подгорица.

Среќко Црногорац е тој што инсистира на тоа дека Србите, водачи на Демократскиот фронт, никогаш не смеат да бидат министри, но и да преземат каква било друга важна државна функција! Како што се дознава, Црногорац ги претставува своите уцени како пораки и барања на Велика Британија и на тој начин успева да го држи Кривокапиќ под своја контрола.

Црногорац е и главен автор на договорот за формирање на новата влада, кој неодамна го потпишаа Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ. Во договорот не се споменува укинување на „законот за слобода на вероисповед“, но тој експлицитно негира каква било можност за повлекување на признавањето на државата Косово! Сосема е симптоматично што Сречко Црногорац, во едно од своите први јавни настапи, го обвини претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кога го нарече дека е тој “другиот шеф на мафијашкиот октопод“!?

Името на Сречко Црногорац до неодамна беше прилично непознато во Црна Гора. Со месеци се обидуваше да се приклучи на една од опозициските партии, но не успеа да се позиционира никаде. Потоа, на самиот крај на кампањата и по изборите на 30 август, тој се појави како еден од највлијателните советници на лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ.

Колку е моќен Сречко Црногорац говори фактот дека тој ја наметна својата позицијата дека ниту еден Србин, функционер на Демократскиот фронт, не треба да влезе во владата! Тој има големо, често необјасниво влијание врз Кривокапиќ, но и врз Дритан Абазовиќ, пишуваат по малку разочараните српски медиуми.

Да бидат работите појасни, еден од лидерите на победничката коалиција во Црна Гора, Дритан Абазовиќ, вчера на социјалните мрежи се пофали дека денес е поканет да биде предавач на Лондонската школа за економија.

Голема чест за мене е што, на покана од професорот, ќе имам можност да бидам гостин на престижниот универзитет ЛСЕ. Само преку образование и размена на идеи можеме да го смениме светот на подобро. Посебна привилегија е кога знаете дека вашата работа и енергија ги препознаа оние кои се навистина најдобри во својата работа – напиша Абазовиќ на Твитер.