Холивудскиот глумец Бен Афлек ја раскина врската со продуцентката Линдзи Шукаш, поради која се разведe од Џенифер Гарнер. Сега се претпоставува дека има нова девојка, ѕвездата на “Плејбој”.
Дека глумецот Бен не се смирува, кога жените се во прашање, зборува и фактот дека светските таблоиди во чекор го следат неговиот приватен живот и собираат нови информации.

Откако се разведе од глумицата Џенифер Гарнер, со која помина 12 години во брак, Бен неодамна јавно ја претстави својата нова девојка Линдзи Шукаш со која исто така беше во врска до пред неколку месеци.

Ѕвездата на Бетмен сега пронајде нова љубов, Плејбој зајачицата Шона Секстон со која го прослави својот 46 роденден.
Тие двајца биле снимени заедно на прославата, но поради папараците ресторанот го напуштиле одвоено.
Откако фотографиите излегоа во јавност се појавија многубројни коментари на сметка на новиот пар.