Бени Шаќири: „Со татко ми немав близок однос, а Нора ја плати цената што сакав да бидам градоначалник“

1154

Не постои човек кого сопствената искреност не го чинела скапо, знаејќи дека живееме во свет во кој доминираат итрината, хипокризијата, и бескрупулозноста за да се дојде до саканата цел.

Рокер во срцето, Бени Шаќири изјавува дека кај нас воопшто нема никаква музичка сцена, а камо ли рокенрол. Освен со својот бенд „Нон стоп“, Бени може да се пофали и со богат соло музички багаж, како и со заедничкиот албум со Златко Ориѓански „Добро утро, госпоѓо“.

Во интервјуто за естрадниот магазин „Бекстејџ”, Бени без да штеди зборови раскажува за она што му му беше во фокус изминативе месеци, политиката, за тоа дека цената на обидот да стане прв човек на главниот град ја платила сестра му Нора.

Се потсетува на вредностите кои ги научил од покојниот татко, познатиот новинар и уредник во МРТ, Хисен Шаќири, со кој не бил близок но неизмерно го сака и почитува.