Бензинот поскапува, ова се новите цени на горивата од полноќ

1576

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар и тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не менува, односно цената на дизелот останува 45 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 33,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 20,106 ден/кг.