Берлускони го собира „старото друштво“: На клупата на Монца доаѓа некогашниот тренер на Милан

1028

Некогашниот сопственик на Милан и поранешен италијански премиер Силвио Берлускони од крајот на септември повторно е газда на еден фудбалски клуб.

Берлускони тогаш го финализираше купувањето на италијанскиот третолигаш Монца, а него во новиот проект веднаш му се приклучи и Адријано Галијани, долгогодишната десна рака од славните денови на Милан.

Сега Берлускони во Монца доведе уште еден стар познаник од „Сан Сиро“, Кристијан Броки.

Имено, Марко Ѕафарони доби отказ на клупата на Монца откако во пет натпревари во Серија А не успеа да ја доведе екипата до ниту еден триумф, па на негово место денеска официјално пристигна Броки, некогашниот тренер на Милан.

Инаку, 42-годишниот Броки и како играч долги години беше член на Милан каде ја започна кариерата. Тренерската кариера ја започна во младинските погони на Милан, додека првиот тим го водеше кон крајот на сезоната 2015/16.