Џери Хал своевидно била една од најбараните манекенки, а ги полнела и сите страни на печатените медиуми со својот интересен љубовен живот.
Многумина се чуделе кога 63-годишната поранешна манекенка и Руперт Мурдок, првпат биле видени како пар во јавноста пред околу 5 години.

Се вериле во 2016-та година, а 25-годишната разлика во годините очигледно не им пречела. Луѓето тврделе дека нивната врска нема да трае, но очигледно е дека парот одлично ги пребродил сите препреки, па така и коментарите од јавноста.
Џери пораснала во Далас, во големо семејство, а ја открил агент кој што ја забележал додека таа се сончала на плажа со нејзината сестра на француското крајбрежје.

Се преселила во Париз, и таму започнало сè. Хал се појавила на неколку насловни страници од списанијата „Vogue“ и „Cosmopolitan“ и била една од најбараните манекенки на своето време.