БЕШЕ НАЈУБАВАТА АКТЕРКА ОД МЕКСИКО: ДЕНЕС E СЕРИОЗНО БОЛНА И СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЈАВНОСТА

551

Имаше дете со претседателот, а потоа беше уценета!

Една од најпознатите актерки на мексиканските теленовели, сега 50-годишната Адела Нориега беше една од актерките со најмногу насловни улоги во нејзината матична земја во 90-тите, и е добро позната на домашната публика која ја следеше во сапуници како „Вистинска љубов“, „Марија Изабел“ и многу други.

Пред неколку дена беше напишано дека нејзините бројни колеги и пријатели се жалат дека не им се јавувала повеќе од една година, а некои наведуваат дека не биле во можност да стапат во контакт со неа откако се повлече од светот на сапунските опери пред десет години.

Долго време се шпекулираше дека Адела е сериозно болна и има рак, но нејзината сестра минатата недела се огласи на Твитер и дополнително ги збуни обожавателите.

„Мојата сестра нема социјални мрежи, за среќа не може да види колку невистинити информации кружат за неа. Точно е дека е болна, но не е рак, туку нешто друго”, напиша Рејна.

Адела беше во врска со поранешниот претседател на Мексико, 72-годишниот Карлос Салинас, пред 30 години, а некои медиуми со сигурност тврдат дека двајцата добиле син кој има 31 година денес.

„Тие тоа го кријат затоа што Карлос само што се ожени со Ана Пол Герард кога Адела го роди своето дете. Тој никогаш не и го призна тоа на Ана, иако таа неколку пати го праша дали е вистина”, рекол извор близок до поранешниот моќник.

„Тој беше фасциниран од нејзината убавина во 1988 година кога ја виде во главната улога на теленовела. Тој веднаш го повика продуцентот и му рече да договори состанок. Иако таа одби, Карлос се закани дека ќе влијае на нејзината кариера.

Тој и рече дека мора да ги исполни сите желби ако сака да се занимава со глума. Откако таа го роди неговото дете, тој се погрижи таа да „исчезне“ и и’ се закани дека никогаш повеќе не треба да се појавува во јавноста. Не знам со што ја уценуваше и како, но му успеа“, рече пријател на Адел со кого таа беше блиска во 90-тите години.