Бесплатен ПЦР тест за туристи со регулиран престој во земјата

534

Владата на седница го усвои Протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР тест за туристи странски државјани со регулиран престој во земјата, кој е предвиден како мерка од шестиот пакет за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19.

Со мерката, како што соопштија владините служби, се предвидуваат бесплатни тестови за странските туристи во посета на нашата земја, а на кои им е потребен ПЦР тест за влез во земјата каде се враќаат.