Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени, најсилен во последните 20 години, го погодил јужниот дел на Калифорнија и делови на соседна Невада.
Потресот се случил во близина на градот Риџкрест, на околу 320 километри североисточно од Лос Анџелес, соопштил американскиот сеизмолошки завод.
Претседателот Доналд Трамп соопштил дека бил известен за земјотресот и рекол дека “изгледа дека се под целосна контрола”.
Лашан Меткалф Вилијамс спиела со својот сопруг кога земјотресот почнал.
“Не можев да се помрднам, бев парализирана од страв”, рекла Лашан, која потоа отишла по децата бидејќи куќата почнала да се лула.
Мештаните на Риџкрест велат дека се се тресело околу 5 минути.
Лустерите се треселе, прозорите лупале, а во многу продавници сета роба паднала од рафтовите.
Многу жители во страв излегувале од своите домови, а сега им е страв да се вратат.
“Никој не сака да влезе внатре, тука на паркингот нема ништо што може да се урне над вас”, рекла Вилијамс.