Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат корисниците лоцирани на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на булеварот „Трета македонска бригада“ 35.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.
Без струја утре од девет до 14 часот ќе бидат корисниците од село Љубин и ЕДО ТВ во Општина Сарај, а од девет до 15 часот од ул „30“ во населбата Радишани во Општина Бутел, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Прекинот на снабдувањето со струја е поради планирани зафати во електросистемот на град Скопје од страна на енергетската компанија ЕВН Македонија.