Снимката од судирот на сурферот Алекс Сото со ајкула за време на брзата трка во водите на Кабарет во Доминиканската Република ги шокираше многу корисници на Интернетот.
На GoPro снимките е прикажан Сото, кој се подготвувал за Панамериканските игри во 2019 година како удира во ајкула и автоматски паѓа од даската.
Подоцна овој Австралијанец откри дека ја воочил ајкулата само неколку секунди пред судирот, но не можел да го спречи инцидентот, бидејќи се движел со голема брзина.
И покрај тоа што паднал од даската, сурферот бил во состојба некако да се задржи на своето пловило и отпливал од опасната зона.
“Никогаш не сум видел ајкула, а сега кога ја здогледав бев изненаден”, рекол Сото и додаде дека луѓето “упаѓаат” во нивните природни живеалишта па не треба да не чуди доколку некоја од нив се појави.