Златибор е туристичка дестинација на која што одите со посебна намера за одмор, релаксација, обиколување на сите достапни атракции и локалитети, но сепак не очекувате една „тура“ пијалаци да ја платите „цело богатство“.
Имено, некој твитерџија објавил фотографија од сметка на Твитер од некој локал во центарот на Златибор.
Па така, една кока-кола од 0.25 литри изнесува 240 денари, колку и битер лемон, додека пак цената на едно Хајнекен пиво изнесува дури 320 денари.
Вкупната цена која ја платил за три пијалаци изнесува 800 денари.
Račun za piće u centru Zlatibora: pic.twitter.com/WUW8bd3Jk5
— Sen Trope (@mmavazi) January 3, 2021
Факт е дека „безобразните“ угостители тешко може да запрат кога имаат право да ги формираат цените според сопствени желби, но дека и алкохолните и безалкохолни пијалаци мора да ги продаваат по пет до десет пати повисока цена од набавната? Со тоа за себе си прават голем профит.
По објавата на социјалната мрежа Твитер следеле многубројни коментари:
„Едно шише Хајнекен колку цела гајба“, коментирал некој корисник.
„Тоа не е сметка, туку данок за будали“, „На друго место за оваа цена покрај Хајнекен ќе добиеш и 10 ќебапи“, „Како Златибор да е остров, па храната и пијалаците се доставуваат со бродови“, “Ова е цена за гајба пиво?“, се само дел од коментарите.
Но, не насекаде во локалите во Златибор цените се толку мноогу високи. Некоја корисничка исто така објавила фотографија од сметка во локал во Златибор каде што за еспресо и чај платила само 80 денари.
Još računa sa Kopa i Zlatibora ko voli… pic.twitter.com/QBTNHL35iq
— Sen Trope (@mmavazi) January 3, 2021