Би ја препознале ли Марјана Станојковска со новиот имиџ? (фото)

1256

Атрактивната водителка и манекенка Марјана Станојковска веќе долги години е русокоса. Оваа боја на коса е нејзин заштитен знак и иако досега сме имале можност да видиме и како изгледа како црнокоса и бринета, благодарение на периките кои ги носи од време на време на некои фотосесии, никогаш досега не излегла од друштвото на „секси русокоси“ за кои е општо познато дека најдобро знаат да се забавуваат.

Сепак деновиве Марјана изненади со една промена која е поврзана со косата, но не со бојата, туку со должината.

Имено, Станојковска решила да ја скрати долгата коса, па сега изгледа како секси Мерлинка.

Како ви се допаѓа ова нејзино ново издание?