Саудиска Арабија од 10-ти ноември се бори со поројни дождови, а во последната голема бура загинаа најмалку 30 лица, додека стотици куќи се целосно уништени.
Како што пренесуваат саудиските медиуми, околу 4 илјади луѓе се евакуирани од подрачјата кои што се најмногу погодени од поплавите.
Never in the memory of man there’s been case of floods of that magnitude in the desert of Saudi Arabia #floods #SaudiArabia #desert https://t.co/8FLO33zMN7 via @Strange_Sounds pic.twitter.com/NZGQ8CIIBA
— Strange Sounds (@Strange_Sounds) November 17, 2018
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои може да се види како поплавите направија море сред пустината, а тамошните медиуми целата временска непогода ја нарекуваат апокалипса.
عندما تتحول الغبراء إلى بحار،
هنا فقط يختلط الخيال بالواقع، والحلم بالعلم، إنها رحمات الكريم، وعطاء المنان فلك الحمد.حالة #غدق المطرية pic.twitter.com/KVexJTlTSr
— أ.د. عبدالله المسند (@ALMISNID) November 13, 2018
Водата за кратко време ја поплави саудиската пустина, по што предизвика хаос, а возилата едвај и да можат да се движат. Тамошното население вели дека никогаш не виделе слично невреме во оваа пустинска земја.