Популарната ѕвезда Бијонсе го прослави 40-от роденден со сопругот Џеј Зи на јахтата од Џеф Безос вредна 500 милиони долари.
Сите сакаме одмори, а познатите личности се како нас. Но, додека многу од познатите плаќаат добра сума на пари за опуштање, малкумина од нив го достигнуваат статусот на Бијонсе и Џеј Зи кои изнајмиле луксузна јахта од Џеф Безос по цена од четири милиони долари неделно.

Прославата на 40-от роденден на светската ѕвезда вклучувала и раскошен одмор во јужна Европа, посета на Франција и Италија со нивните три деца.
Сoпственичката на песната „Crazy in Love“ на социјалната мрежа Инстаграм споделила неколку фотографии од нивното патување додека уживала во сончевите денови на луксузната мега-јахта.
Основачот на „Amazon“ и амбициозен вселенски патник Џеф Безос ја купил луксузната јахта со име „The Flying Fox“ во 2019 година за 500 милиони долари.
Неверојатната јахта нуди карактеристики кои вас и дури 25 гости ќе ве забавуваат подолго време поради тоа што нуди базен од 12 метри на главната палуба, кино, ноќен клуб, лифт и два хелиодроми. Не мора да се грижите поради тоа шо може да имате 55 членови на посадата кои ќе ги задоволат вашите потреби.

Иако тоа не може да се види на фотографиите кои ги споделила пејачката, сепак на јахтата има и спа, теретана, сауна, простор за масажа… Пејачката на фотографиите открила и дел од луксузниот ентериер кој го дизајнирал Марк Беримен.



