Бијонсе објави фотка со близнаците, фановите воодушевени!

837

Бијонсе и близнаците Руми и Сир Картер во нејзините прегратки се глетка која не се гледа често и на која ретко кој останува рамнодушен.

Светската музичка дива на својот сајт објавила фотографија од децата, една година и еден месец по нивното раѓање.

Насмеаната и горда мама ги израдувала бројните фанови со објавата на семејната фотографија. Славната пејачка досега ги криела децата од погледите на јавноста.

Но, баш како што било случај и со нејзината постара ќерка Блу Ајви Картер, така и помладите наследници ги претставила кога малку пораснале.

Веднаш започнале проценки за тоа на кого личат близнаците, а нам ни се чини дека одговорот е – подеднакво и на мама и на тато.

Сигурно познатата мајка сега повторува уште една пракса: купување на прескапа облека за децата, бидејќи таа и нејзиниот сопруг воопшто не штедат за тоа.