Бил Гејтс ќе одговара за злостор над човештвото и злоупотреба на медицината? Американците масовно ја потпишуваат петицијата, се чека одговор од Белата куќа

1377

Во Америка покрената е петиција со која се бара покренување истрага против Фондацијата на основачот на „Microsoft“ – Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда Гејтс, поради ‘злодело против човештвото и злоупотреба на медицината’.

Петицијата која што е објавена на официјалната страна на Белата куќа, досега ја потпишале 425.000 луѓе што е четири пати повеќе од бројот на неопходен официјален одговор од Белата куќа.

До федералната американска влада се апелира да бара од Конгресот да спроведе сеопфатна и јавна истрага.

„Додека ги набљудуваме настаните околу пандемијата Ковид-19, многу прашања остануваат без одговор. На ден 18-ти октомври 2019-та година, само неколку седмици пред прогласување на првите жртви во Вухан, одржани се два големи настани. Еден е „Настанот 201“, а другиот е „Светска воена игра“, и двата се одржани во Вухан“ – пишува во петицијата.

Во петицијата против Фондацијата „Bill and Melinda Gates“ потоа се спомнува дека ‘оттогаш тргнува притисокот ширум светот да се направи вакцина и да се воведе биометриско следење на луѓето’.

Луѓето кои што ја потпишале петицијата тврдат дека зад сето тоа стои Бил Гејтс – еден од моментално највлијателните луѓе во светот.

Петицијата била покрената на 10-ти април, а за само неколку дена истата ја потпишале над 100.000 луѓе, што значи дека Белата куќа ова прашање треба да го истражи во рок од 60 дена.