Бил Клинтон не може да одолее на млади девојки

971

Синоќа се одржа погребот на американската пејачка Арета Френклин, а последното испраќање на славната дива беше организирано во Детроит. На погребот присуствувале бројни нејзини пријатели и членови на семејството, а говор одржа и поранешниот американски претседател Бил Клинтон (72).

На погребот настапи и младата пејачка Аријана Гранде (25), но изгледа дека Бил Клинтон не можел да го тргне својот поглед од неа.

Додека 25 годишната Аријана ја изведуваше песната на Арета Френклин “Natural Woman”, камерите го уловија воодушвениот Клинтон како внимателно го набљудува секој нејзин потег.

На социјалните мрежи веднаш започна да се пишува дека Бил не може да одолее на млади девојки, со оглед на неговото минато.

“Одвратно…Погледнете како Бил Клинтон ја гледа Аријана додека пее на погребот на Арета Френклин и обидете се да не повратите во уста”, “Бил повторно би ризикувал поради Аријана”, “Некои работи никогаш не се менуваат”, беа само дел од коментарите.

Се зборуваше дека дури и свештеникот кој седел до Клинтон исто така ја набљудуваше Аријана, чиј потег беше искоментиран. Потоа следуваа дискусии дека пејачката не била соодветно облечена за на погреб, бидејќи нејзиниот фустан бил многу краток.