Бислимоски: БЕГ да ги врати сметките зголемени за отсто 40

559
Претседателот на РКЕ рече дека голем број на граѓани реагирале дека добиле драстично повисоки сметки за топлинска енергија.

БЕГ ќе треба да им ги врати сметките за парно на скопјани во кои има пресметано зголемување од 40 отсто. Ова денеска го кажа претседателот на Регулатоната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

– БЕГ не ги пресметала субвенциите што ги дава владата за потрошувачите на топлиснка енергија во Скопје. Владата има донесено соодветна одлука, а ако има изминат рок ќе донесе нова. Потрошувачите секако ќе ги добијат субвенциите. Пари има издвоено и во буџетот. Тоа значи дека БЕГ ќе треба да ги сторнира сметките кои им ги испрати на потрошувачите во невообичаен термин пред завршување на месецот, на 30 и 31 август . Ќе треба да се подготват нови сметки кои ќе ги добијат граѓаните– рече Бислимоски.

Бислимоски рече дека голем број на граѓани реагирале дека добиле драстично повисоки сметки за топлинска