Бизарна снимка од Турција го шокираше Интернетот: Татко ја врзал својата ќерка за комбето и така возел

944

Корисниците на социјалните мрежи се шокирани со снимката од Турција, која со сигурност не се гледа секој ден. Снимено е како татко кој вози комбе ја врзал ќерката (13) на задниот дел од комбето.

Ова видео имено стана најгледаното видео на социјалните мрежи во оваа држава. Комбето е снимено во регионот Канкири Јајлакент, кое се наоѓа северно од главниот град Анкара. Полицијата со помош на регистрацијата на возилото го идентификуваше човекот и го уапси.

Станува збор за маж по име Идрис К. кој има 8 деца, а тој за оваа постапка има објаснување.

Имено, на полицијата и’ рекол дека ќерката ја врзал бидејќи таа сакала да се вози на држачот за велосипед. Меѓутоа, додаде дека така возел само 400 метри, а потоа ја одврзал. Рекол дека на држачот била безбедна, бидејќи можел да носи тежина до 150 килограми.

Неговиот син Енис К. (22) подоцна објасна дека медиумската хајка го растажи неговото семејство. Од полицијата сè уште не соопштиле какви ќе бидат следните чекори преземни против таткото на девојчето.