Учениците и студентите во Индија станале зависни од течноста која се лачи од кожата на жабата, што доведува до халуцинација. Властите се загрижени поради овој тренд кој се’ повеќе се шири.
Директор на едно локално училиште потврдил дека многу од неговите ученици се зависни од ваквиот вид на дрога. Тој пријавил случај во полиција откако шест ученици го претепале кога ги фатил дека си играат со жаба. Подоцна било утврдено дека учениците ја терале жабата да трча за да може повеќе да излачува пот.
Според едно неодамнешно истражување, дури 54 отсто од учениците во оваа област се зависни од дрога, од кои 25 отсто се девојчиња.

Во оваа година се пријавени неколку смртни случаи поврзани со дрога, а жртвите се воглавно млади лица. Ова за жал не е единствениот бизарен случај од ваков вид бидејќи и во другите земјите, младите нашле начин да дојдат до евтина дрога.
Тинејџерите во Индонезија варат користени влошки или тампони, а потоа ја пијат таа течност за да се дрогираат, пренесуваат светските медиуми. Една индонезиска агенција за лекови изјавила дека хемикалиите кои се наоѓаат во влошките и тампоните создаваат чувство на халуцинација кај личноста која ги пие.

Младите лица употребуваат и користени пелени за да го постигнат истиот ефект, пренесува индонезиската агенција.
“Земаат користени влошки од кантите за ѓубре и ги варат во вода, а потоа кога ќе се излади водата, тие го пијат тоа”. Зависниците го повторуваат ваквиот процес и до три пати дневно за да се дрогираат.
Министерството за здравство во Индонезија продолжува да го истражува случајот.