Погледнете му на човекот во ноктите и ќе дознаете се за неговата уредност. Покрај уредноста на која без изговори треба да внимавате, доста важна е и бојата со која ќе изберете да ги разубавите вашите нокти.
На ревиите за пролет/лето 2019 освен облеката и обувките кои ќе доминираат оваа година можевме да погледнеме и кои бои на нокти ќе бидат актуелни. Се за трендовите за оваа сезона ни раскажа Маја Јовановска која што е дел од тимот на „Бјути бар“. Во продолжение погледнете кои бои се актуелни и што ќе се носи во периодот кој што следува…
Металик нокти
Металик бојата е доста актуелна и во моментов, но нејзината популарност ќе продолжи и во пресрет на сезоната која претстои. На неделата посветена на мода во Њујорк како најактуелна од сите беше прикажана смарагдно зелената металик боја, а инспирацијата била пронајдена во будењето на природата.
Беж нокти
Неутралните бои се секогаш најбарани во однос на оние кои се истакнуваат. Беж бојата е една кои ќе бидат во тренд годинава, а која ќе направи вашите нокти да изгледаат убаво, природно и дискретно.
Виолетови нокти
Освен што темната виолетова боја одговара на секоја боја која ќе се најде на вас, таа се смета и како неконвенционална во однос на белата, беж и останатите неутрални бои. Време е за самодовербата да ја подигнете на наредно ниво, а токму оваа боја ќе ви помогне во тоа. Освен тоа оваа боја се препорачува и за оние жени кои немаат доволно време за често средување на ноктите. Се препорачува да се носи со сребрен накит како прстени и нараквици кои дополнително ќе ја истакнат.
Проѕирен лак со светки
Модната куќа Elie Saab тврди дека со овој маникир ќе може да уживате во опуштена атмосфера, но ќе можете да го носите и на свечени прилики. Она на што треба да внимавате е разликата помеѓу проѕирниот лак со светки, кои треба да бидат на растојание една од друга за разлика од трендот кој до сега беше во мода каде светките беа збиени една до друга.
Доколку барате квалитет, креативност и совршена изработка на нокти посетете го салонот за убавина и нега „Бјути бар“ . Вашиот термин можете да го закажете на телефонскиот број 070666221.