„Бјути бар“ совети: Како да бидете црнокоса, а притоа да не изгледате монотоно и досадно?!

1056

Црната коса е најтемната боја на коса и е најмногу распространета. Оваа боја има тенденција да изгледа многу досадно, па затоа голем предизвик е да се најде соодветен стил. Сите ние имаме желба косата да ни биде сјајна, а фризурата тренди. За жал, потребни се многу техники за да се биде како што треба, а техниките и професионалноста отсекогаш биле заштитен знак на „Бјути бар„, па токму поради тоа во продолжение ќе имате можност да прочитате низа совети за оваа боја на коса.

Зошто да изберете црна? Секоја жена треба да го менува својот изглед од време на време, а промената на бојата на косата е најлесна. Темна боја на косата ќе ви даде остар изглед, ќе ве освежи и ќе изгледате елегантно. Црната добро одговара и на кратка и на долга коса, на рамна или брановидна, зависно од вашата личност и карактер, вели Сања Несторовска, кој е дел од тимот на „Бјути бар“.

Доколку имате природна црна боја на косата, само треба да користите производи направени за вашиот тип и боја на коса. Темната коса обично е малку погуба и погуста, па и е потребен шампон и регенератор кој ќе ја направи мазна и нежна. Ако косата е обоена црна, потребни производи ви се оние кои ќе ја одржат вашата боја подолго време и ќе го подобрат нејзинот сјај. Исто така ви се потребни неделни третмани за коса, кои ќе ја поправат оштетената коса и ќе направат да изгледа здраво и сјајно.

Ако црната е вашата природна боја на коса, немојте да се фарбате бидејќи така ќе изгледате многу постари. Исто така предлагаме возрасните жени да не се фарбаат со оваа боја, бидејќи таа ќе ја нагласи нивната старост. При изборот на боја треба да внимавате на бојата на вашите очи и бојата на вашиот тен. Ако имате светла кожа и плави или зелени очи, треба да изберете посветла боја за коса, но ако кожата ви е потемна и бојата на очи ви е кафена или црна, во овој случај црната е идеална боја за вас.

Советува: Сања Нестровоска од „Бјути бар“