Брусницата и нејзините боја и вкус во многу делови од светот се симбол на зимата. Па, зошто да не пробате таа нијанса да ја пренесете на својата коса?
Ако сте од оние кои сакаат промени на бојата на косата и го почитувате трендот на црвени нијанси, по популарните бакарно-портокалови нијанси кои ја одбележуваат оваа есен, зимата носи нешто потемен тон на познатата магента, советува Софија Стојчевска од салонот за убавина „Бјути бар“.
Оваа нијанса не може да се дефинира како темно црвена ниту како нијанса на црно вино.
Се работи за навистина живописна боја во која можете да ја обоите целата коса или пак, да извлечете прамени, да ја комбинирате во оомре или балајаж или пак, да ја компонирате со нијанси на црна и кафеава.
Интересен ефект се добива и ако извлечете посветли прамени од вашата природна боја, а потоа ја нанесете оваа хит есенска нијанса. Ќе добиете ефект на прелевање и уникатен изглед.
Доколку се пронаоѓате во овој изглед и сте спремни за експериментирање, веднаш закажете го вашиот термин на телефонскиот број 070666221, тимот на „Бјути бар“ ќе се погрижи за вашиот нов модерен и трендовски изглед.