„Бјути бар“ совети – Нега на коса по летниот одмор

732

Ако сте како повеќето жени кои дури по завршувањето на одморот ја согледуваат лошата состојба на својата коса, ви препорачуваме четири начини за брзо закрепнување на косата.

Отстранете ги остатоците

Набавете шампон кој длабински ќе ја исчисти мрснотијата која е наталожена на коренот на вашата коса во текот на целото лето. Одберете шампон со овошни киселини по можност. На крајот, се разбира ставете и регенератор. Пострижете ги врвовите.

Рехидрирајте

Поради влијанието на сонцето во текот на целото лето вашата коса е буквално дехидрирана. Регенераторите кои не се плакнат се одличен начин да и ја вратите свежината на косата. Може да се обидете со регенераторите кои се за длабинско рехидрирање или пак со хидрантна маска за коса.

Вратете и го сјајот

Сонцето, солената вода, како и хемиските влијанија особено бојадисувањето и шатирањето се вистински непријатели на сјојот на косата. Тие не го намалуваат туку комплетно го уништуваат сјајот. Кога вашата коса е во таква состојба, втријте неколку капки билни екстракти.

Задржете го сјајот

Можеби и може брзо да го вратите сјајот на косата, но целта е да го задржите. За таа намена пред да ја измиете косата со шампон нанесете го третманот со топло масло. Оставете го да делува две до три минути и потоа измијте ја косата со шампонот кој го користите.

Советува: Сања Несторовска од „Бјути бар“