Времето надвор станува се поладно и ние уживаме во свежи температури и есенски бои на патот кон работата наутро. Но, исто така не потсетува и дека е време да се подготви кожата за зима. Производите за нега на кожата кои се со витамин Ц содржат високо ефикасни активни супстанци за отстранување на првите знаци на стареење на кожата: брчки предизвикани од сувост и фини линии, советуваат од “Бјути бар”.
Комбинацијата на ниска и висока молекуларна хијалуронска киселина обезбедува забележлива мазност на кожата и долготрајно подобрување на содржината на влага во горните слоеви на епидермисот. Витамин Ц фосфат (стаблизирана форма на Витамин Ц) кој е нестабилен во вода, за употреба во козметички производи) продира длабоко во ткивото на кожата, каде што се трансформира во активен витамин Ц. Фокусот се поставува на три ефекти:
1.Во дермисот, витаминот Ц ја стимулира синтезата на нов колаген и затоа го успорува стареењето на кожата. Однадвор, ова е забележливо поради подобрената мазност на кожата.
2. УВ зрачењето и тутунскиот чад произведуваат големи количини на слободни радикали. Витаминот Ц е исклучително моќен антиоксиданд кој ја штити кожата од деструктивниот ефект на слободните радикали и затоа го спречува стареењето на кожата.
3. Витамин Ц ја инхибира синтезата на меланинот. Ова ја осветлува бојата на кожата и го подобрува нејзиниот сјај. Возрасните дамки се намалуваат и кожата изгледа помлада.
Салонот за нега и убавина, “Бјути бар” токму поради ова нуди голем број на третмани за лице кои се со витамин Ц. Закажете го вашиот термин на телефонскиот број 070666221 и дајте му живот на вашето лице. Не заборавајте дека тоа е огледало на вашата личност и индивидуа.
