“Бјути бар” совети – Пилинг за негувана и посјајна кожа!

1467

Негувањето на кожата низ целото тело бара доста внимание, упорност и посветеност, но најмногу квалитет на природна база. Секојдневно сме опкружени со најразлични продукти за нега кои ветуваат безвременска убавина и брзи резултати, но секој ќе се согласи дека преку ноќ ништо така лесно не се случува, и дека резултатите не би биле видливи доколку самите не инсистираме и не работиме на случајот. Секојдневните случувања и временски промени доста влијаат како врз нашиот организам, врз нашата кожа, па така самата таа бара дополнителна нега и голем степен на хидратација.Сето ова можете да го постигнете со пилинг кој што треба да го практикувате минимум еднаш неделно.

“Пилингот ги отстранува изумрените клетки и прави кожата да изгледа блескаво и сјајно и на тој начин станува еластична и се подобрува нејзиниот тонус. Пред да направите пилинг многу е важно да знаете каков тип ви е кожата, а доколку имате масна се препорачува овој третман да го практикувате барем три пати во неделата. За нормална кожа доволни се два третмани на неделно ниво, додека, пак, ако имате сува кожа тогаш еднаш неделно е доволно”, велат од Бјути бар.

Пилингот исто така го забрзува и протокот на крв што значи допринесува ситните капилари и крвни садови да го добијат количеството на кислород кое што е потребно за правилно функционирање што под дифолт значи и здрава циркулација.

Драги дами, есента веќе пристигна, кожата полека почнува да го губи својот сјај, а доколку сакате истиот да го задржите, знаете што треба да направите. 070666221 е телефонскиот број на кој што можете да се јавите и да закажете пилинг третман и не заборавајте, местото каде е најважно да се чувствуваме убаво – е токму сопствената кожа!

Советува: Весна Трпческа од “Бјути бар”