Кожата на лицето е чувствителна, а неправилната нега на истата не може да се „замаскира“ ниту со една пудра или шминка. Нема ништо поубаво од чисто и негувано лице, а тоа нема да го добиете доколку правите некои од следниве грешки.
Во одржувањето здрава кожа влијаат исхраната, животниот стил, а особено големо внимание треба да се посвети на соодветната нега. Еве кои се најголемите грешки, „убијци“ на добриот тен и здравиот сјај на вашето лице.
Шминка преку шминка
На огледалото не можете да забележите повеќе трага од шминката што сте ја нанеле утрината, а веќе дошло вечер и вие се подготвувате за излегување. И тука ја правите најголемата грешка, нанесувајќи нов слој на пудра и руменило врз остатоците од целиот ден. Ако вие не можете да забележите дека шминката сè уште ви стои, вашата кожа ќе го почувствува тоа и реагира со иритација и акни. Затоа, задолжително исчистете го лицето пред нанесување на новата шминка.
Спиење со шминка
Без разлика колку ви се спие, колку сте уморни или сте се вратиле од излегување во не баш трезна состојба, легнувањето без да ја избришете шминката е забрането. Тоа е вистинска тортура за вашата кожа која ја прави валкана и мрсна. Во процесот на спиење, вашата кожа се регенерира и чисти, но ако ги затворите порите, тогаш сè ќе се собере во нив и ќе избие во вид на акни. Чистењето на лицето пред спиење е задолжително, дури и да мислите дека ништо не останало на него од денската шминка.
Валкани четки за шминка
Четките за шминкање треба исто така да се одржуваат чисто и редовно да се мијат. Врз нив се наоѓаат остатоци од шминка, но и бактериите на вашето лице кои се наталожиле преку целиот ден, а со новото шминкање само ќе ги вратите на лицето.
Негувањето на лицето е многу важна работа за да изгледате, не само убаво, туку и здраво. Внимавајте на замките кои ви делуваат навидум безопасни и запаметете дека ниту една шминка не може да го постигне здравиот сјај на вашата кожа и лице.
Освен што треба да ги избегнувате овие грешки, исто така можете да го пробате и третманот за лице со колаген кој што можете да го најдете во „Бјути бар“ и на тој начин да ги решите сите проблеми со вашето лице. Имено, колагенот е најзастапен протеин во човечкото тело. Оваа главна компонента на дермисот и помага на кожата да ја задржи влага. Содржината на растворлив колаген се намалува со возраста. На возраст над 25 години, кожата почнува да ја губи својата цврстина и може да стане повеќе сува, додека фини линии и брчки почнуваат да се појавуваат. Ако кожата се снабдува надворешно со природен колаген го надохнадува губитокот на влага. Колаген третман се користи за да се зголеми еластичноста и хидратацијата на кожата. Резултатот е подобрен тон, еластичност и подобра текстура.
Закажете веднаш термин на 07066221 и кажете им збогум на акните и брчките еднаш засекогаш!
