37-годишниот Благојче од Кочани пред два дена заминал во кочанската болница да го земе телото на почината мајка, кога стигнал во болницата ја видел жива.
Лошата вест ја добил од вработен од болницата кој и му препорачал фирма за да го подготват погребот на починатата. Благојче се јавил кај роднините да каже за смртта на мајката, купил, ковчег, испечатиле некролози, закажал погреб и заминал да ја земе починатата мајка. Но кога стигнал во болницата, медицинскиот персонал му кажале дека неговата мајка е на интерното одделение и добива медицински третман.
Благојче се уште во шок не можеше да поверува дека ова го доживеал. 58 годишната жена била примена во лоша здравствена состојба преживеала два мозочни удари, откако и било лошо повикале брза помош и ја однеле во болница. Директорот на болницата Александар Серафимов за медиумите објасни дека случајот е пријавен во полиција и е во истражна постапка која треба да покаже кој го известил Благојче дека неговата мајка починала.