Македонската фудбалска репрезентација го совлада Косово со 2:1 и се најде во финалната пресметка со Грузија за место на ЕП. Радоста беше голема со оглед на тоа дека дуелот со соседот беше повеќе од фудбалски натпревар.
Бобан Николов беше нашиот фудбалер кој замина на допинг-контрола по средбата и испушти дел од големото славје со неговите соиграч.
“Само сакам да ви кажам колку голем лав е Аријан Адеми! Пред натпреварот влезе во мојата соба со натажено лице, ми рече – имам страшни болки. Проблеми со ложата! Не сакаше да прими инјекција против болка поради проблемите од минатото кои ги имаше. Но, стисна заби и лавовски издржа 80. минути.
Во текот на второто полувреме доби удар, падна на теренот и реков толку беше. Но, повторно стисна заби и изгина за оваа наша голема победа. Победа за која се заслужни сите до еден, ова е заедничка победа… но ова е вистината која треба да ја знаете за нашиот лав, брат-Аријан Адеми!”, ни открива Бобан Николов еден од нашите главни “мотори” на средината од теренот.
Поради повредата Аријан Адеми најверојатно нема да игра на дуелите со Естонија и Грузија.