Вчера на ТВ Гранд се случи промоцијата на новата песна на Боби Павловски.
„Метар дана“ е насловот на композицијата, која всушност значи ново поглавје во неговата досегашна музичка кариера. Песната е снимена на српски јазик, што за многумина можеби е изненадување и излегува во исто време со видеозапис.
„Метар дана“ е песна која решив да ја снимам без многу размислување, веднаш штом го слушнав демото. Нејзини автори се Сале од Тропико бенд и Драган Брајовиќ – Браја, кои навистина маестрално си ја завршија својата работа. Со Сале се познавам одамна и некако до оваа наша соработка дојде сосема спонтано, а договорот падна на една од нашите седенки. Навистина сум задоволен од сработеното и искрено верувам дека и впечатокот и реакциите на сите оние кои ќе ја слушнат ќе бидат ако не исти, барем слични како и моите“, вели Павловски.
Интересно е дека оваа песна всушност и значи само почеток на една убава и долгорочна соработка, која наскоро треба да резултира со уште една композиција, која е во завршна фаза од изработката.