Бочварски: Автопатот Охрид – Кичево е приоритет, проширување на автопатот Тетово – Гостивар, проект за изградба на автопат Кичево – Гостивар

584

Новиот министер за транспорт и врски Благоја Бочварски, денеска на прес-конференција најави доизградба на автопатот Охрид – Кичево, како и изградба и реконструкција на неколку патни правци.

„Продолжуваме интензивно на автопатот Охрид – Кичево, е приоритет на владата кој забрзано ќе биде реализиран“, рече Бочварски.

Министерот за транспорт најави и целосна реконструкција на патниот правец Струга – Ќафасан, постапка за проширување на автопатот Тетово – Гостивар. Истовремено се врши проектирање на изградба на нов автопат Кичево – Гостивар, со што ќе се создаде модерна врска во западниот регион. Бочварски најави изградба на автопатот од Скопје до Блаце.

Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира.