Важно е да се плаќаат патарините за да се подобри патната инфраструктура и за нивно одржување, порача денес од Тетово министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Тој најави дека се работи на проект за целосна реконструкција и проширување на автопатот Тетово-Гостивар, кој ќе добие уште една траса.