Богато семејство од САД бара пар што ќе работи на нивниот приватен остров на Бахамите – платата е одлична

615

Кога мислите на работа од соништата дали мислите на нешто вакво? Дали би оставиле сѐ и би заминале веднаш во „рајот на Земјата“?

Ви здодеа ли секој ден по 8 часа да минувате „заробени“ во канцеларија? Ако климате со главата, тогаш ова е совршениот оглас за вас.

Богато семејство од САД кое поседува приватен остров на Бахамите бара пар кој ќе се грижи за сите домашни обврски на нивниот имот.

bogato-semejstvo-bara-par-shto-kje-raboti-na-nivniot-privaten-ostrov-na-bahamite-platata-e-odlichna-02.jpg

Бараат пар кој е способен за раководење со домаќинство и кој сака работниот ден да го минува покрај тиркизна вода и плажи со бел песок.

Исто така, ќе има и патувања до нивниот втор имот на Флорида, кој исто така бара одржување. Патувањата за парот ќе бидат организирани со приватен џет.

bogato-semejstvo-bara-par-shto-kje-raboti-na-nivniot-privaten-ostrov-na-bahamite-platata-e-odlichna-03.jpg

Платата годишно ќе изнесува околу oд 80.000 до 100.000 евра за парот, а има плус и бесплатно сместување и обезбедено здравствено осигурување.

Исто така, викендите ви се слободни за одмор и релаксација, како уживање во водени спортови, нуркање или едноставно излежување на сонцето.

bogato-semejstvo-bara-par-shto-kje-raboti-na-nivniot-privaten-ostrov-na-bahamite-platata-e-odlichna-04.jpg

Луси Челинџер, основачот на агенцијата за вработување Polo & Tweed, каде е поставен огласот вели: „Ова е работна позиција што се нуди еднаш во животот. Дури и самите клиенти се пошегуваа дека се во искушение самите да се пријават.“

Огласот погледнете го ТУКА!

bogato-semejstvo-bara-par-shto-kje-raboti-na-nivniot-privaten-ostrov-na-bahamite-platata-e-odlichna-06.jpg